По големиот минус во 2013, Народна банка лани со добивка

Bez autora
Mar 17 2015

Народна банка на Македонија минатата година ја завршила со нето-добивка од 58,6 милиони евра, стои во билансот на успех на првата монетарна куќа во земјава. Ова следува откако претходната, 2013 година, централната банка ја финишираше со загуба од 135 милиони евра, за што како последица се наведе намалувањето на цената на златото на светскиот пазар. Ако се погледне билансот на успех, може да се забележи дека најголема разлика во минатата година, во споредба со 2013, е всушност во ставката нето-нереализирани курсни и ценовни промени. Односно, минатата година во оваа графа е остварен плус од 63,3 милиони евра, за разлика од 2013, кога по основ на нето-нереализирани курсни и ценовни промени бил регистриран минус од дури 119,5 милиони евра.

По големиот минус во 2013, Народна банка лани со добивкаНародна банка на Македонија минатата година ја завршила со нето-добивка од 58,6 милиони евра, стои во билансот на успех на првата монетарна куќа во земјава.

Ова следува откако претходната, 2013 година, централната банка ја финишираше со загуба од 135 милиони евра, за што како последица се наведе намалувањето на цената на златото на светскиот пазар.

Ако се погледне билансот на успех, може да се забележи дека најголема разлика во минатата година, во споредба со 2013, е всушност во ставката нето-нереализирани курсни и ценовни промени. Односно, минатата година во оваа графа е остварен плус од 63,3 милиони евра, за разлика од 2013, кога по основ на нето-нереализирани курсни и ценовни промени бил регистриран минус од дури 119,5 милиони евра.

Нето-расходите од камати лани биле за околу два милиони евра пониски од претходната година, и изнесувале 16 милиони евра. Слични износи има и кај нето-приходите од провизии, односно тие лани биле 3,6 милиони евра, а 3,7 милиони во 2013. Додека, пак, нето-приходите од хартиите од вредност за тргување лани имале позначаен пораст, достигнувајќи 9,9 милиони евра, наспроти 5,8 милиони во претходната година.

Мал раст има кај расходите за вработените во НБМ, односно трошоците за плати и други давачки, така што тие лани изнесувале 6,4 милиони евра, наспроти 6,3 милиони во 2013 година.

И како епилог на сите ставки, но најмногу на онаа за нето-нереализирани курсни и ценовни промени, минатата година НБМ имала нето-добивка од 58,6 милиони евра, наспроти загубата од 135,4 милиони евра во 2013 година.

Финансискиот резултат за распределба оди во општи резерви и тоа 70 отсто во овие резерви до постигнување на нивото на основниот капитал пропишан со Законот за НБМ, односно 15 отсто во општите резерви по достигнувањето на тоа ниво на капитал. Остатокот е приход за буџетот на Македонија. Доколку НБМ оствари негативен резултат, тој се покрива прво од сметката за општи резерви, а потоа од капиталот.

Инаку, во рок од 4 месеци, по завршување на годината, НБМ поднесува и објавува еден или повеќе извештаи до Собранието и до министерот за финансии, одобрени од Советот на НБМ, во врска со состојбите во економијата за време на финансиската година која завршила, за перспективите за следната година, со посебен осврт кон целите на политиките на НБМ и состојбата на банкарскиот систем.

Минатата година, кога излегоа резултатите за 2013 за загубата од 135 милиони евра, од НБМ потенцираа дека таа се должи на пониската цена на златото во нејзините биланси. Таа е покриена од ревалоризациските резерви, нагласија тогаш од монетарната власт. „Според билансот на успех, финансискиот резултат на НБРМ во 2013 година е нето-загуба, која е во суштина пресметана нереализирана загуба, поради пониската цена на златото во билансите на Народна банка. Таа загуба е покриена од ревалоризациските резерви, кои во изминатите години, од 2009 до 2012 година, позначајно се зголемија поради растот на цената на златото“, објаснија лани од кабинетот на гувернерот Димитар Богов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik